Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Д.О. (58) од Струга, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор до 30 дена.
На 22-ри февруари оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 262,75 грама опојна дрога кокаин. Пријавениот Д.О. кокаинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата.
Различни количини кокаин пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујната од неговиот дом, а во пластична кутија од шумливи таблети забележани се помали паковања завиткани во црна најлонска кеса. Помали опаковки со кокаин пронајдени се во ѓезве за кафе, а четири пластични цевки со остатоци од кокаин се забележани во корпа за ѓубре.
Пријавениот Д.О. е лице познат на службата против кого, по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.