„Во изминатите години, додека во европските земји невреботеноста се зголеми, кај нас се отворија 119.000 работни места. Компаниите во иднустриските зони моментно вработуваат 6.500 лица, но бројката во следните 12 месеци ќе се зголеми за уште 10.000. Тоа покажува дека владините политики се добри, вистински и ефикасни“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Одговорајќи на новинарско прашање по средбата со тутунарите и окупувачите во Министерството за земјоделство, Ставрески напомена дека за креирањето нови работни места помогна и реалниот сектор кој ги искористи понудените можности од Владата.
„ Вистинскиот одговор на прашањето дали и колку владините политики помогнаа да се намали невработеноста во изминатите години е, што се случуваше со невработеноста во другите земји. Во другите земји, сите во Европа, невреботеноста се зголеми, а во Македонија се намали. Се креираа 119.000 работни места. Тоа покажува дека владините полтики биле добри, вистински, и помогнале, преку ниските даноци, ослободувањето на компаниите од плаќање данок на добивка, четирите антикризни пакети со кои се обезбедија и 350 милиони евра поволни кредити за малите и средните претпријатија, можноста за водење активни политики за вработување, како и високиот износ на капитални инвестиции што креираше работа за градежните компании, а со тоа се отвораа работни места во 25 индустрски гранки“, истакна Ставрески.
Според него, ако на тоа се додаде и успешната приказна за странските инвестиции јасно е дека директно, како резултат на владините политики и искористувањето на можностите од страна на приватниот сектор, се отворија толку работни места.