22 март – Светски ден на водите

Светскиот ден на водите (World Water Day) се одбележува секоја година на 22 март. Традиционално и оваа година ќе се одбележи во целиот свет, под слоганот „Вода и енергија“.

Првите важни препораки за прашања поврзани со водата беа договорени на Конференцијата на Обединетите нации за вода одржани во 1977 година во Аргентина.

По Конференцијата на Обединетите нации за животна средина и развој во Бразил, Генералното собрание на ОН 22-ри март го прогласи за Светски ден на водата. 

На Светскиот ден на водата, се предупредува на проблемите поврзани со водата и водните ресурси. Според Обединетите нации повеќе од една милијарда луѓе на Земјата немаат постојан пристап до чиста вода.

За да се истакне значењето на загриженоста во врска со водата ,целата наредна деценија од 2005 до 2015 година ја имаат прогласено за меѓународна деценија за заштита и зачувување на водата на Земјата или почеток на деценијата- Вода за живот.

Оваа година, Светскиот ден на водата се одбележува под мотото „Водата и енергијата“.

Оваа година централната прослава за одбележување на Светскиот ден на водата ќе се одржи во Јапонија.

Водата и енергијата се тесно поврзани и зависни едни од други. Производството и преносот на енергија бара употреба на водните ресурси, особено за производство, транспорт и користење на сите форми на енергија.

Спротивно на тоа, голем дел од произведената светската енергија се користи за пумпање,третирање и транспорт на водата до различни потрошувачи.

Во 2014 година, Организацијата на ОН, во тесна соработка со земјите членки и другите релевантни страни, привлекува внимание на односот водата-енергијата, обрнувајќи внимание на нееднаквоста, особено за една милијарда луѓе кои живеат во сиромашните населби и сиромашните рурални подрачја, и кои преживуваат без пристап до безбедна вода за пиење, адекватни услови за хигиена, доволна количина на храна и енергетски услуги.

Целите на Светскиот ден на водата во 2014 година се:

• Подигање на свеста за меѓусебните односи помеѓу водата и енергијата;

• Придонес кон политички дијалог, кој се фокусира на широк спектар на прашања поврзани со односите меѓу водата и енергијата;

• Докажување преку студии на примери на носителите на одлуки во енергетскиот сектор и секторот од областа на водата, дека интегралниот пристап и решенија за прашањата на релација вода- енергија, може да има големи економски и социјални влијанија;

• Идентификување на формите на политика и прашањата на развојните капацитети во кои Организацијата на ОН, особено на ОН за вода и ОН за енергетика, може да има значителен придонес;

• Идентификување на клучните засегнати страни во односот вода – енергија и нивно активно вклучување во идниот развој на релација вода- енергија.