„Босанецот и златната рипка“ и виц за Македонците – меѓу најдобрите вицеви според Гардијан

Британскиот Гардијан објави листа на најдобри вицеви на светот, а помеѓу нив се наоѓаат и голем број вицеви од земјите од Екс-Ју просторите.

Најголемо внимание привлекол вицот од Босна и Херцеговина кој гласи:

„Босанецот фатил златна рипка, а таа му рекла: Пушти ме и ќе ти исполнам желба. Тој и рекол: Каква желба, те носам во златарница, сепак злато си е злато!“

Меѓу најдобрите вицеви се оние од Германија, Јапонија, Бразил, Норвешка, Данска, Шведска, Финска, Унгарија, Шпанија, Естонија, Мексико, Русија, Франција, Грција, Холандија, Израел и Македонија.

„Кој сообраќаен знак ви дозволува да направите полукружно свртување на автопат? Знакот на кој пишува дека се приближувате до руската граница.“ – вака гласи финскиот виц кој се најде на листата меѓу најдобрите.

На британската листа се најде и еден македонски виц, кој гласи:

„Само 20% од Македонците живеат под стрес. Останатите 80% живеат во Австралија, Америка, Канада, Германија, Шведска…“