СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава и против лицата С.Т.Џ. (56) и И.Ј. (38) двете од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на РМ.
На 21 минатиот месец до СВР Скопје-ЕЕКК преку СКП доставено е известување од Амбасада на САД во Скопје, во кое било наведено дека И.Ј. (полициски службеник-вработена во МВР), при поднесување на документи за неемигрантска виза на 07.10.2013 година употребила два фалсификувани документи и тоа „Сертификат“ и „Промет на девизна книшка“ на нејзино име, а издадени од „Комерцијална Банка“ АД Скопје.
Од извршените проверки и обезбедената документација утврдено е дека И.Ј. во два наврати, на 16 март и 21 октомври 2011 година аплицирала во Американската амбасада на САД во Р.Македонија со цел добивање на неемигрантска виза врз основа на кои апликации и биле издадени визи, кои истата не ги искористила.
Имено, И.Ј. во октомври минатата година, сакајќи да аплицира по втор пат во Американската амбасада на САД во РМ за добивање на виза, а знаејќи дека еден од условите кој треба да го исполнува бил да достави и документација издадена од банка со која треба да прикаже девизен прилив на средства на нејзина сметка, со посредство на лицето Б.К. од Скопје стапила во контакт со С.Т.Џ. и од истата побарала да и направи две лажни исправи „Сертификат“ и „Промет на девизна книшка“ на нејзино име бидејќи не го исполнувала тој услов.
Притоа, откако С.Т.Џ. ги направила лажните исправи (наводно издадени од „Комерцијална Банка“) во кои биле внесени невистинити податоци дека на сметка И.Ј. има прилив на средства во износ од 4.332.64 евра со состојба од 03.10.2013 година, И.Ј. која иако знаела дека се со невистинита содржина истите ги приложила со апликацијата и со останатите документи во Американската амбасада во РМ.
Од превземените мерки и извршени проверки утврдено е дека наведените исправи на име на И.Ј. се со невистинита содржина, а истото е потврдено и во извршениот разговор со С.Т.Џ. при што по нејзиното признание дека е сторител на кривичното дело, известен е Основен Јавен Обвинител и С.Т.Џ. е лишена од слобода. По наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 Скопје извршен е претрес во домот на С.Т.Џ. при што одземени се лап топ компјутер, ласерски печатар и персонален компјутер и истите се предадени во Оделот за криминалистичка техника при МВР на РМ за вештачење.
Исто така ЕОК-ОИД до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата С.Ч.(38) и Р.М. (32), и двајцата странски државјани од Тирана – Р.Албанија, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела:“фалсификување на исправа“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“.
Пријавените лица во текот на февруари годинава дошле во Р.Македонија со цел да извршуваат кривични дела, при што на непознат начин успеале да набават ПМВ Ауди А6 – караван без регистерски ознаки, како и една македонска регистерска табличка (претходно пријавена како изгубена), која ја монтирале на предниот дел од ПМВ, а додека втората регистерска табличка со ист регистерски број ја изработиле и ја монтирале на задниот дел од предметното возило со цел да го управуваат во патниот сообраќај на град Скопје и пошироко.
Пријавените со албански лични документи, оствариле во повеќе наврати влез-излез, во и од Република Македонија, и на 06.03.2014 година од страна на ЕПОИ – Алфа на ул.„Џон Кенеди“ биле сопрени со предметното возило, и поради тоа што не поседувале соодветна документација за истото, како и документи за идентификација за пријавениот Р.М. од страна на ПС од АЛФА бил извршен преглед во возилото, при што биле пронајдени две капи – фантомки, два пара ракавици плетени во црна боја, една гумена палка, метални лисици за врзување и леплива лента за врзување, по што и двете лица поради основано сомнение дека поседуваат предмети со кои би можеле да се извршени КД, биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка.
Од страна на секторот за меѓународна полициска соработка извршени се проверки во базата за украдени возила и добиено е известување дека предметното возило Ауди А6 не евидира како украдено возило и не е предмет на потрага, а воедно и не евидентира во базата на регистрирани ПМВ во РМ. Истотака извршена е проверка за меѓународна потрага за пријавените при што истите не се предмет на меѓународна потрага. Од страна на судија во претходна постапка на двете лица му е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.