Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 664 лица од кои 1 558 или 93.6% се магистри и 106 или 6.4% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2012 година, е зголемен за 6.1%. Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки во 2013 година изнесува 57.4%.
Во 2013 година, најголем број од магистерските трудови, 1 012 или 65%, се од областа на општествените науки, 18.2% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно- математичките, биотехничките и медицинските науки.