Во просториите на Црвен крст Охрид во петок, 28-ми март, од 19:00 часот ќе се одржи предавање на тема Работа со деца со посебни потреби со акцент на нивното вклучување во образовниот процес, идентификување на нивното основно познавање на одредени вештини и потребите кои ги имаат овие деца. Предавач ќе биде Сара МекФитерс, волонтер на Мировниот корпус од Соеднитетите американски држави во Македонија, моментално на волонтерска работа во училиште во Велес, а со претходно тригодишно работно искуство со деца со посебни потреби во Бугарија.
„Предавањето е од отворен тип и добредојдени се сите кои живеат или работат со вакви деца и кои сакаат да слушнат и поинакви искуства за однесувањето, поддршката која им е потребна и различните техники за учење и понатамошен развој на вештините кои ги поседуваат“. – вели Мимоза Ставрева, координатор за организациско-стручни работи при Црвен крст Охрид.