Од месец април наодите од микробиологија пациентите ќе можат да ги добиваат по електронски пат

Во насока на подобрување на квалитетот на здравствено-лабораториските услуги кои што ги нуди Центарот за јавно здравје и дејноста лаборатории, од наредниот месец, месец април, пациентите кои што ги користат овие услуги, кои што одат во микробиолошките лаборатории за да извршат одредени наоди упатени од страна на матичните лекари, резултатите од тие наоди ќе можат да ги добиваат по електронски пат, односно на е-меил, најави на денешната прес-конференција раководителот на Одделението за лабораториска дејност, Сашо Точков.

„Тие наоди ќе бидат испраќани и до нивните матични лекари и навистина очекуваме дека и ќе ја забрзаме постапката на дијагностицирање на заболувањето, а и самите пациенти ќе имаат увид во својата состојба, побрзо отколку да доаѓаат овде. Потребно е само при доаѓањето и приавувањето на пријавниот шалтер, да се пополни соодветна согласност, да остават податоци за својот е-меил“. –  истакна Точков.

Точков рече она што е важно да се нагласи во овој дел е дека секој пациент за да го добие резултатот мора да биде уредно примен, односно да ги има сите документи за примање.

„Тоа се упат од матичен лекар, потврда, односно доказ за здраствено осигурување и платена партиципација доколку немаат соодветна потврда за ослободување од партиципација.“ – додаде Точков.

WebOhrid