Црвен крст продолжува со своите активности, овој пат под мотото „Like за Bike“

Под мотото „Like за Bike“, Црвен крст Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност со цел одржување на здрави животни навики и подобрување и на својата здравствена состојба и физичка кондиција. Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен сончев ден во пешачење, возење велосипед, ролање, спортување, конзумирање здрава храна, да бидат утре 29-ти март (сабота) во 11 чсот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, од каде организирано по патека покрај езерото, ќе се тргне со велосипеди, пеш, со ролери, до плажата Горица 1 (Парк), каде ќе бидат организирани сесии на аеробик, танци, конзумирање на здрава храна, основни здравствени прегледи и други интересни спортско-забавни содржини и корисни физички вежби.