ДЗС: Нето платата во јануари изнесувала 21.327 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (7.3%), Градежништво (4.0%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.0%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (7.2%), Административни и помошни услужни дејности (3.6%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2014, изнесува 21 327 денари.

Во јануари 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.