Утре почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето, почнува утре, 30 март, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред односно времето во два часот ќе се смета како 3 часот, соопшти Бирото за метрологија.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела на октомври во три часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03 часот се смета како 02 часот.