Пред почетокот на денешната седница од страна на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, беше предложена измена на дневниот ред, односно повлекување на точките со предлог одлуките за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за усвојување на Физибилити студија, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори, предлог одлука за утврдување на престанок на важењето на одлуката за пренесување на правото на користење недвижен имот, предлог одлука за утврдување на потреба од донесување на убанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изграден објект Кп. Бр. 1573 КО Велгошти, а дневниот ред се дополна со предлог Одлука за утврдување на висината и започнување на постапка за доделување на финансиски средства. Измените и дополнувањата на дневниод ред беа усвоени.
На седницата беше прифатена предлог одлуката за утврдување на висината и започнување на постапка за доделување на финансиски средства. Исто така беа прифатени и измените и дополнувањата на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги вршат Јавните претпријатија ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид, ЈП „Градски гробишта“ Охрид, Р.Е Водовод Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид. Беше изгласана и измената на одлуката за оджување на јавна чистота и утврдување надоместок за одржување на јавната чистота. Зелено светло добија одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на физибилити студија за ЈП „Градски Пазар“ – Охрид и одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар бр. 07/1522/б од 13.02.2014 година. Советот го усвои Акциониот план за одржливост на програмите за ХИВ и Туберколоза кои се имплементирааат во општина Охрид за период од 01.01.2014 – 31.12.2016 година, го усвои и правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на туристичката такса за вршителите на угостителска дејност од мал обем. Советот го одобри кофинансирањето на проект финансиран од бирото за регионален развор согласно програмата за рамномерен регионален развој за 2014 година.
Беа прифатени одлуките за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно иградени за објектите со Kп бр.460 KO Kосел, Kпбр.2322 KO Лескоец, Kп бр. 7 KO Oхрид 4, Kп бр.137 KO Oхрид 4, Kп бр.514 KO Пештани, Кп бр. 557/4 КО Вапила, Кп бр. 561/3 КО Велгошти, Кп бр.726/1,986/1 ,776 КО Велгошти, Кп бр. 807 КО Коњско, Кп бр. 831/1 и 821 КО Косел, Кп бр. 834 КО Речица, Кп бр. 1324/1 и 1324/2 КО Долно Лакочереј, Кп бр. 1330 КО Лескоец, КП бр.1338 КО Трпејца, КП бр.1464, 1466 КО Лескоец, Кп бр.1469 и 1652 КО Пештани, Кп бр.1484 КО Трпејца, Кп бр. 1502 КО Лескоец,Кп бр. 1666 КО Лескоец, Кп бр.1739 КО Лескоец,Кп бр. 1798/3 КО велгошти, Кп бр. 1813/1, 1813/2 и 1813/3 КО Лескоец, Кп бр. 1851/1 КО Лескоец, Кп бр. 1905/4 КО Охрид 4, Кп бр. 1913 КО Велестово , Кп бр. 1990 КО велгошти, Кп бр. 2057 КО Опеница, Кп бр.2077 КО Лескоец, Кп бр. 2234/1,2243/2 КО Велгошти, Кп бр. 2349/1 КО Лескоец,Кп бр.2454/1 и 2454/2 КО Велгошти, Кп бр. 2584/1 КО Велгошти, Кп бр. 2668 КО Долно Лакочереј, Кп бр.2807 КО Елшани, Кп бр. 2928/1,2928/3,2928/4 КО Елшани, Кп бр.6137/1 КО Охрид 4, Кп. бр 10463/1 КО Охрид 2, Кп. бр 7361 КО Охрид 1, Кп бр. 1535 и 1536 КО Куратица.