Италијанската морнарица спаси 730 луѓе од два преполни брода во Средоземното Море, јужно од Сицилија.
Меѓу мигрантите имало и 124 жени и 29 деца кои доцна синоќа и рано утринава се префрлени на брод. Во тек е транспортирање на мигрантите во пристаниште во Сицилија.
Повеќе од 4000 мигранти спасени се во море во близина на италијанскиот брег во период од четири дена во текот на изминатиот месец.Бројот не мигранти кои се обидуваат да стигнат до Италија е зголемен со подобрување на временските услови за пловење.
Италија е главна влезна точка за мигранти кои патуваат во Европа по пат на море, од северот на Африка.Бројот на пристигнувања е зголемен за повеќе од трипати во 2013 година на 40 илјади во споредба со 2012 година под влијание на војната во Сирија и судирите на Северот на Африка.
Извор: Нет Прес