Објавени победничките раскази од конкурсот „Живко Чинго“

Вкупно 59 раскази беа пријавени за наградата од 30.000 денари што Општина Охрид ја доделува за најдобар расказ, а по повод традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“.

„Годинава пристигнаа 59 пликоа, од кои после прегледувањето е констатирано дека 5 пликоа не ги усполнуваат пропозициите дадени во конкурсот. Од останатите 54 пликоа се извадени 58 раскази што ги исполнуваат пропозициите. Квалитетот на пристигнатите  раскази варираше, но 10-тина од нив се издвоиа со своите естески квалитети, односно со видливи сценски обележја, содржински издржани со целосна изградена композиција. Темите во расказите се различни, тргнувајќи од љубовта, семејни односи, печалбарство, современи , илузии, народно творештво. “– соопшти на денешната прес-конференција м-р Ирена Бачиќ, претседател на Комисијата за наградата „Живко Чинго“.

На последниот состанок одржан вчера, комисијата по тесниот избор го сведе на 3 раскази и тоа „Коси од розева волница“, под шифра Солза, „Охридски крап“ под шифра Ивана и „Бавча со зелени патлиџани“под шифра „Пајазит“. Трите раскази ги исполнуваа сите критериуми, дадени со конкурсот и естетските уметнички вредности , меѓутоа по кратка дискусија се одлучи расказот „Коси од розева волница“ дека се издигнува во сите аспекти  над сите други останатите два. И оваа година тој ќе биде наградениот расказ на конкурсот „Живко Чинго“ 2014.

„Овој расказ  во себе носи една ретко обработувана тема, односно прикажан е спој помеѓу реалниот и натприродниот свет. Овој расказ од кој постојано извираат неверојатно силни емоции кои го изместуваат човека од сопственото лежиште, претставува исповед на една душа на мајка која прерано го напушта светот и го оства своето мало дететенце. Тука, во расазот откорнатата мајчинска љубов ги побива сите граници на можното или неможното и успева да му се спротивстави на силите на Универзумот за нејзината душа да остане со напуштеното чедо, се до оној момент кога е потребно. Крајот сепак е неминовен, но во овој случај тоа не е моментот што го одбрала судбината, туку моментот кога нејзината ќерка ќе почувствува дека е спремна сама да зачекори во животот. Нарацијата е лесна, со чиста мисла, без оптоварување со непотребни описи. Јазикот е лесно прифатлив, композициски речениците се изградени до совршенство и сето тоа придонесува содржината да се восприеми во еден здив“. Во последниве години не сум дошла до ситуација да прочитам вакво нешто, значи неверојатном, експлозија од силни емоции, едноставно човека го изместува и не можеш да веруваш како може толку многу силни емоции, а во ниеден момент да не биде премногу јако , да не биде усилено и на крај едно наредни 72 часа , не ве остава без размислување.  – истакна Бачиќ.

Бачиќ  кажа, откако ќе се пријави добитникот на расказот „Коси од розева волница“, под шифра „Солза“, расказот ќе биде објавен на општинската страна, за сите кои сакаат да го прочитаат.

PressNagradaZivkoCingo02

На прес средбата со новинарите, покрај Бачиќ, во жири комисијата беа и членовите, писателот Тоде Илиевски и новинарот Милчо Јованоски.

„Мошне „е жално што се доделува само една награда и оставаме како препорака до општина Охрид, која всушност е распишувач на овој конкурс во иднина да размисли да се прошири тој награден фонд, да се до збогати, барем да има втора и трета награда. Тоа бил било еден респект до они кои на некој начин конкурираат, а истовремено предлагаме како комисија до година или во иднина да се размисли по неколку најдобри текстови од продукцијата значи од тековната година кога ќе се избира да бидат собирани во една помала збирка раскази, со тоа би се збогатила и македонската продукција од пишаната реч, истовремено му се дава шанса на читателите да усознаат што всушност  е најхит и најмодерно и како пишуваат македонските автори, куси раскази.“– рече Јованоски.

„Мислам дека конкурсот продолжува да расте. Чудо е велам позитивно, што во последниве години знам дека од 50 раскази и повеќе пристигнуваат. Тука има се разбира обиди, меѓутоа има, еве оваа година мислам 10-тина раскази заслужуваа да бидат истакнати или наградени. Затоа беше и идејата ако може во иднина да има и втора и трета награда, да ги мотивираме и на тој начин сите на кои им омилен овој жанр, значи да дадаме  свој придонес Охрид како град на културата и да дадеме уште повеќе мотивација за идно творештво.“– рече Илиевски.

Паричната награда за најдобар расказ на добитникот ќе му биде доделена на 13 август во рамките на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што по традиција се одржува во Велгошти, родното село на овој познат македонски писател.

 WebOhrid