Зарем државата не е народот, како тоа државата е пред се, а е дел од народот? Младите ни бегаат надвор од државата. Ова беше еден од коментарите на мештаните во општина Дебарца.
„Власта ја претвори нашата држава во друштво со ограничена одговорност. Нивна сопствена фирма. Затоа нам ни е потребна комплетна политичка промена преку којашто законите ќе важат и за царот и за слугата подеднакво. Така Македонија ќе стане правна држава. Тоа е основна задача на шефот на државата. Тоа ќе биде мојата основна задача“, рече Пендаровски во Дебарца.
Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, беше и во Белчишта, Мешеишта и Волино.
„За вас жителите под Славеј планина се знае дека сте борбен и храбар народ. Од ова место со вас секогаш започнувале нашите заеднички победи, вие сте стари борци,“ се обрати Пендаровски пред насобраните граѓани во Белчишта.
„Оваа власт не нуди можности младите да останат овде. Сега имаме историска шанса да ги вратиме младите во нашата држава. Сега имаме историска шанса да ја вратиме државата на вистинскиот правец. Тоа ќе биде возможно само ако понудиме концепт којшто е поразличен од овој сегашниов, којшто не подели по сите основи и којшто не доведе до дереџе да се срамиме да кажеме од каде сме и колку пари имаме во џебот“, додаде Пендаровски.
Во цела Македонија опозициското мислење се зголемува. Ако живееме како што велат Груевски и министрите зошто Македонија е во сиромаштија, зошто живееме лошо, коментираа во Мешеишта.
Пендаровски, продолжи на средби со граѓаните во Боровец, Подгорци и Вевчани.