Љубчо Георгиевски ги посети Струга и Вевчани

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски предизборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори ја започна со посета на Вевчани и Струга.

Георгиевски најпрво го посети Вевчани, каде со тамошните жители разговараше околу проблемите кои ги мачат. Најмногу се задржаа околу демографкста катастрофа што и се случува на Република Македонија, масовното иселување на македонските и големата сиромаштија на граѓаните. Во рамки на посетата на Вевчани, георгиевски го посети и манастирот „Св. Никола“.

Лидерот на ВМРО – Народна партија прошета и низ струшката чаршија каде разговараше со дуќанџиите и сопствениците на фирми кои му се пожалија за високата казнена политика, како и за кризата во економијата и во бизнисот. Георгиевски со стружани разговараше и околу соживотот во тој регион.

Утре, партијата на Георгиевски, ќе одржи Конвенција во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на која што ќе ги претстават сите 120 кандидати за пратеници од оваа партија. Почетокот на конвенцијата е закажан за 13 часот.