Одржана сообраќајно воспитната манифестација „Детски Семафор“

Традиционално, денеска се одржа сообраќајно воспитната манифестација „Детски Семафор“, манифестација која пред се има едукативен карактер. Теоретскиот дел се одржа во просториите на ОУ, „Христо Узунов“, со сите екипи на подрачните училишта од Охрид, односно 8 екипи, а практичниот се одржа на градскиот кеј Маршал Тито, каде што учениците кои учествуваа во натпреварот ги покажаа практичните вештини за возење велосипед, но не и само практичниот дел туку и познавањата од прописите за управување со велосипед. 

Периодот од 01.04 до 07.04.2014 година е прогласен за „Ден на безбедноста на пешаците во сообраќајот“.  За таа цел во сите основни училишта еден наставен час се посветува на темата „Безбедност на пешаците во сообраќајот“ и учениците преку ликовни творби се изразуваат на таа тема согласно нивното видување.

Во средните училишта еден наставен час им се посветува на проблемите на пешаците во сообраќајот, а учениците преку разговор даваат свое видување за зголемување на безбедноста на пешаците. 

„Заради перманентна заштита на пешаците и подигањето на нивото на средства за самото учество во сообраќајот инициравме неколку активности кои првенствено се гледаат на едукација на најмладите, така да во основните училишта е спроведена акција, каде што класниот час ќе се посвети на разговори со учениците за нивното видување на проблематиката во сообраќајот, опасностите и начинот како да се избегнат тие опасности. Тие ученици ќе се изразат преку ликовни творби, притоа ќе се одржи школска изложба, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Во средните училишта исто така ќе имаат класен час каде што ќе се посветат разговори, нивно видување, и начинот за решавање на пролбемите. “– рече Цане Георгиески, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Охрид.

 Во овој период се обновуваат пешачките премини пред основните училишта како дел од кампањата за поголема заштита на пешаците во сообракајот. Сето тоа ќе придонсе да се намалат последиците во сообраќајот, односно сообраќаните незгоди.

 „Ние 2013 година ја паметиме како година во која што во Охрид имаме 7 смртни случаи во сообраќајот. Тоа е бројка која што е поразителна во однос на овие услови за живеење. Оваа година значи далеку поразлична, јас се надевам и годините кои што ќе доаѓаат ќе се случуваат во оваа насока. Причина за таквите смртни случаи се и возачите од една страна, меѓутоа и пешаците и сите учесници во сообраќајот. Една од најголемите прични претставува и сообраќајната култура, сообраќајната едукација и сите едукации поврзани воопшто со образовни едукации пред се поврзани со однесувањето во сообраќајот како на пешаците, така на возачите, така и ние кои се директни или индиректни чиниели на сообраќајната култура.“-изјави заменик градоначалникот на општина Охрид, Анегел Јанев.

Јанев рече дека како Совет на општина Охрид, преку градоначалникот Никола Бакрачески и сите структури кои што се поврзани за ги надминат сите тешкотии со ваквите акции, вклучувајќи го и Советот за безбедност во сообраќајот при оппштината Охрид ги подржуваат овие акции на сите можни начини. 

„Јас се надевам дека овој натпревар, ваквите натпревари, ваквите случувања и ваквите иницијативи кои што несебично се приклучија сите наставници во основните и средните училишта перманентно ќе донесат плодови, плодови кои што ќе бидат едно сигурно, среќно и едно прекрасно однесување на сите нас во сообраќајот. Ја поздравуваме оваа акција, посакуваме успешни резултати како дел од оваа акција.“– додаде Јанев.

Од име  на локалната самоуправа заменик градоначалникот Јанев, вети дека се она што ќе биде дадено како предлог во насока на подобрување на безбедноста на сообраќајот, локалната самоуправа без себично ќе ги подржи сите иницијативи.

WebOhrid