И додека генерално во Охрид мака се мачи да се доведат туристи дел од приватните угостители не оставаат ништо на случајност и веќе од сега се спремни да ја дочекаат летната сезона.
Еден од хотелот кој им пркоси на сите предизвици наречени економска криза секако дека е и „Ројал Вју“. Не туку така е одбрано ова име “Кралски поглед“ , затоа што со својата место положба има повеќе од кралски поглед. Од неговите ретко модерни апартмани, поточно од нивните тераси како на дланка се гледа целото охридско крајбрежје од црквата Св.Јован – Канео, па до манастирот Св.Наум дијаметрално на спротивната страна.
За многу пристапни цени во овој хотел може да се доживее незаборавен пејзаж од прозорот на собите кои ви се на располагање во кои е поставен луксузен италијански под. Во секоја соба Ве чека LCD телевизор со 20 сателитски канали, а додека вие уживате во користењето на бесплатниот фитнес или во убавините на модерниот СПА центар, важето возило е обезбедно во подземен паркинг со 24 – часовен видео надзор.
Дека за оние што знаат да работат и кризата е премостлив доказ е и овој хотел кој секогаш знае да излезе во пресрет и покрај својата афирмација да направи афирмација како на градот така и на државата.
„Кај нас организирано се пратат сите поголеми настани од спортски план и заеднички со сограѓаните ја следиме нашата репрезентација во сите спортови и нормално тогаш важат специјални понуди со многу пониски цени од нормалните. Нека бар во тие денови си дозволат луѓето да се дружат и да заборават напроблемите, а да не се оптоварени со длабочината на нивниот џеб, мада и редовните цени се примамливи кај нас, а доказ за тоа е се поголемата посетеност на нашата тераса со поглед на езерото после прошеката крај езеро, посебно за викендите“ – велат од менаџерскитиот тим на овај реномиран хотел и додаваат:
„Сакаме што повеќе да се вклучиме во културните настани на начиот град посебно преку летниот период зошто само така ќе го афирмираме нашиот град, нашата држава и воопшто туризмот. Еве од оваа година се јавуваме како еден од генералните покровители на единствениот меѓународен фестивал од нашата држава „Охрид Фест“. Сигурно сме дека направивме добар спој , да преку нас како покровители фетивалот во надовро светло ќе го промовират бисерот на македонскиот туризам – Охрид“- додаваат менаџерите.
А доказ дека добро се менаџерира овај хотел и е неодамнешното организирање на настанот „Спортист на Охрид – 2013“, организација кој ја пофали и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој и ја отвори оваа манифестација.
Од неодамна овој хотел го реши и проблемот кој го имаа младите родители за нивните мали дечиња со новата играчница каде додека вие си го пиете кафето и уживате во убавините на Охридското Езеро специјално за тоа задолжен персонал се грижи за вашите најмили.
И додека другите чекаат, менаџмнентот на овај хотел дури и во овај период ја сработија работата и обезбедија гости за летниот период. Останува уште да го реализираат она што го сработија преку, да не речиме “глувиот“ период за Охрид , зимата.
„Кога во зимскиот период ќе се сработи 24/7 и се обезбеди работа за летото, во летнот период е задоволство да се реализира догвореното “ – велат менаџерите на хотелот со Кралски Поглед.
WebOhrid