По повод Меѓународниот ден на ромите, 8 април, градоначалникот Никола Бакрачески денеска , прими претставници од ромската заедница од Охрид.
На средбата, претставниците на охридските роми ги изнесоа проблемите со кои се соочува оваа популација, а градоначалникот Бакрачески потенцира дека општината максимално се залага и работи на стратегија за унапредување на правата на оваа заедница и нивна заштита во насока на подобрување на животниот стандард со подобрување на условите за живот, образование и вработување.
Градоначалникот истакна дека, општината ќе го поддржи секој проект кој се однесува на заштита и унапредување на животот на ромите. Во тој поглед Локалната ќе го поддржи и предложениот проект од сферата на социјалната заштита со ангажман на лице кое ќе биде линк- медијатор меѓу граѓаните, општината и Центарот за социјални грижи од Охрид. Лицето би било ангажирано за собирање документи, пополнување апликации и формулари.
Локалната самоуправа ќе го поддржи и проектот бесплатен оброк во народната кујна да добијат и членовите од социјално најзагрозените ромски семејства од Охрид. Во иднина општината ќе ги помага и проектите кои се однесуваат на одбележување на 8 април- Меѓународниот ден на ромите и на празникот Ѓурѓовден кој се одбележува на 7 мај.