Спортската арена „Билјанини Извори“ домаќин на завршниот куп турнир во ракомет

Челниците на Ракометна федерација на Македонија го потврдија тоа што се најавуваше дека Охрид ќе биде домаќин на четирите најдобри екипи во Купот.

„Охрид предводен од новиот градоначалник искажува сериозен интерес за помагање на спортот, па така покрена иницијатива да биде домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија. Тие се покажаа како добри организатори и на кошаркарскиот турнир, па не се сомневаме дека ќе одговорат на предизвикот на организациски план и кога станува збор за фајналфор турнирот од ракометниот Куп на Македонија“- истакнаа од РФМ на пресконференцијата.

Охриѓани за прв пат ќе имаат можност во „Билјанини Извори“ да ги гледаат најдобрите ракометни ѕвезди во Македонија.