Македонска делегација предводена од министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, амбасадорот на Република Македонија во Индија Тони Атанасовски и директорот на Агенција за странски инвестиции Висар Фида, од 6 до 10 овој месец, учествува на најголемиот Глобален инвестициски самит во Дубаи.
На Самитот учествуваат над 44 земји од светот, заедно со претставници на најголемите инвестициски фондови и компании.
На свечената манифестација на отворањето на Самитот учествуваше и Шеикот Мохаммед бин Расхид Ал Мактоум, владетелот на Дубаи.
За време на Самитот се очекува македонската делегација да оствари официјални средби со претставници од Индонезија, Брунеи, Кувајт, Саудиска Арабија, ОАЕ, Малезија и Оман.
Официјалната покана за посета на Самитот е резултат на учеството на министерот Џери Наумоф и амбасадорот Тони Атанасовски на Форумот за инвестиции во Индија (Бангалор) во јануари годинава, каде делегацијата доби лична покана од Султанот бин Саеед Ал Мансоури да го посети Самитот во Дубаи ОАЕ.