Се крпат ударните дупки на улицата „Абас Емин“

На барање на граѓаните, денеска Локалната самоуправа започна со санација на долгогодишниот проблем кој го имаат жителите од улцата „Абас Емин“.

krpenje_dupki_abasemin_400

Имено оваа улица претставуваше долгогодишен проблем кој го имаа грѓаните и едно грдо лице на Охрид, со кое туристите се среќаваа во летниот период. Со крпењето на ударните дупки се решава проблемот на жителите од овај дел на градот и се подобрува впечатокот на туристите.

krpenje_dupki_abasemin_400_2

Утре се отпочнува со санација на улицата „Јане Сандански“. Ваквите активности на локалната за уредување на градот пред почетокот на летната сезона продложуваат и во наредниот период на повеќе локации низ градот.