Митровиќ: Посветеноста, упорноста кон создавање на дела се главните постулати по кои се води ВМРО-ДПМНЕ

Посветеноста, упорноста кон создавање на дела се главните постулати по кои се води ВМРО ДПМНЕ. Тоа можевме да го согледаме изминативе години на државно ниво, но истото тоа можевме да го согледаме изминатава година и на локално ниво. Вака ја започна денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.

„Одговорноста за дадениот збор, даденото ветување и неговата реализација но и желбата за прогрес може да се согледа во секој момент од делувањето на било кој функционер, од било кој раководител, од било кој државник , на било кое ниво од редовите на ВМРО ДПМНЕ! Позади секој од нив стојат дела, стојат реализирани проекти но и остварени одговорности. Но исто така тука се и идните планови, идните проекти преку кој дополнително се укажува дека Државата Македонија е ПРЕД СЕ. Одговорноста на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и неговата исполнителност е прикажана во неговиот отчет за периодот 2009-2014 година. Отчет кој до деталји ја прикажува неговата долгогодишна работа, но и отчет кој докажува дека Претседателот Ѓорѓи Иванов е претседател на сите граѓани на Република Македонија. Во неговата програма за престојните претседателски избори јасно се истакнуваат целите, јасно е истакнат сеопфатниот развој на општеството за сите граѓани на Република Македонија. ИМА РАЗЛИКА од периодот пред 2009 година кога не  согледавме нити отчет нити програма од страна на СДСМ.“– рече Митровиќ.

 Од друга страна потсети Митровиќ дека го имаат  и отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери за периодот 2011 – 2014 година.

 „Отчет кој претставува пракса во работењето на Владата предводена од Никола Груевски. Отчет во кој јасно се укажува на одговорностите и постапките  како и вредностите на едно општество, отчет во кој јасно се укажува на сработеното. Исто така за престојните парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ излегува со изборна програма за периодот 2014-2018 година. Програма во која јасно и недвослислено се зацртани сите проекти кои што од досегашното искуство може да се каже дека се проекти кои што докажано се остваруваат. Програма која кристално јасно покажува дека ИМА РАЗЛИКА помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.“– истакна Митровиќ.

 Во периодот  пред престојните претседателски и парламентарни избори од ВМРО-ДПМНЕ се прашуваат, каде е програмата на кандидатот за претседател на СДСМ, каде е програмата на СДСМ.

 „Каде се прикажани нивните проекти и нивните финансиски конструкции за реализација. Зошто Стево Пендаровски не ги кажува своите ставови за името, зошто немаат став за националните интереси. Тоа ли е државник a нема свои ставови?Празните ветувања не смеат да бидат дел од политичка пропаганда напротив делата и реализарине проекти се главните факти за политичка борба. Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓe Иванов како и ВМРО ДПМНЕ со коалицоните партнери преку нивните отчети и изборните програми потврдуваат дека се единствениот избор на граѓаните на Република Македонија, потврдуваат дека ДРЖАВАТA е ПРЕД СЕ и дека ИМА разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и другите политички опоненти.“– заврши Митровиќ.

 WebOhrid