Со гол во 83 минута, нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ му донесе победа од 1:0 на тимот на Ворскла Полтава против фаворитот – лидерот на табелата во Украина, Шахтјор.
Иако гостите доминираа во текот на овој натпревар, особено во првото полувреме, свои шанси имаа и домашните. Адис Јаховиќ беше постојана мета на гостинските фудбалери, па најчесто играта беше прекинувана токму поради грубите стартови врз Јаховиќ. Во 83-та минута тој за момент успеа да и избега на противничката одбрана и искористи едно нафрлување, каде најпрво биеше со глава, а откако голманот интервенираше, одбиената топка Јаховиќ ја смести во противничката мрежа.
Гостите продолжија со агресивната игра и веднаш со следниот старт, Јаховиќ поради повреда мораше да ја напушти играта во 88-та минута.
По оваа победа, Ворскла Полтава се искачи на 6-то место, додека пак Шахтјор остана на првото место, но со два натпревари повеќе од второпласираниот Днипро.
WebOhrid