По минатогодишната успешна премиера, како и реприза на „Сите мои синови“, НАТГ „Аматер“ продолжуваат со работа. Овој пат пред охридската публика ќе одиграат претстава според текст на Венко Андоновски, „Генетика на кучињата“.
Како мало потсетување, „Сите мои синови“ премиерно беше одиграна минатата година во април, а потоа и репризно во мај во просториите на ОСУ „Свети Климент Охридски“. Актерската екипа беше сочинета од Томе Укоски, Катерина Петреска, Јован Цветкоски, Леа Новеска и Никола Србиноски, а за сценографијата се погрижи ликовниот клуб при ОСУ „Свети Климент Охридски“. Рекцијата на публиката ги охрабри младите аматери да продолжат и понатаму со работа на други проекти.
Овој пат „Аматер“ подготвија посериозен проект кој бара поголема одговорност од нивна страна, како и поголема екипа и организација. Освен членовите на „Аматер“: Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Томе Укоски и Леа Новеска, овој пат актерската екипа брои уште неколку членови: Звонимир Србиноски, Милан Србиноски, Никола Србиноски, Ирина Ристевска, Никола Буџакоски и Дарко Милески. Екипата која работи на подготовка на претставата ја сочинуваат и неколку статисти, а и лица кои се погрижија за музиката, шминката, светлото, како и сценографијата. При процесот на подготовка „Аматер“ наидоа и на голема поддршка и помош од 2S Studio – Стојан Стојановски, ТВМ Телевизија, печатница Летра, маркети Тамаро, како и многу други луѓе кои на било каков начин допринесоа за полесно и подобра реализација на идејата на младите ентузијасти.
Претставата „Генетика на кучињата“ ќе биде изведена на 16ти април(среда) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во малата сала. Картите ќе чинат 100 денари и ќе бидат во ограничен број, а претставата е наменета за лица постари од 16 години.