Градоначалникот Бакрачески заедно со секретарот Спасески, деновиве ги посетија Снежана и нејзиниот син Дарко, кои живеат во трошна куќа на влезот од градот. Покрај помошта која општина Охрид им ја обезбедува со донирање на пакети со прехрамбени продукти, градоначалникот Бакрачески ги увери дека и лично ќе се заложи за решавање на проблемите кои ги има ова семејство.
Инаку општина Охрид, посветено работи на помагање на социјално загрозените семејства, не само со доделување на хуманитарни пакети, но и со создавање услови во иднина овие семејства да дојдат до приход врз основа на кои што ќе можат сами да се издржуваат.
Локалната самоуправа и понатака ќе продолжи со помагање од на овие семејства, како би имале еден попристоен живот.