Вториот ден од Велигден е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.          

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.