ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на ден 20 април (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници.
„Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена, се со цел ЈП „Билјанини Извори“ активно да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности.“-велат од претпријатието.
ЈП Билјанини Извори им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна и католичка вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.
Нека ни е честит големиот христијански празник ! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !