Шешоски: СДСМ не е политичка опција која им е потребна на народот, тоа е и повеќе од јасно

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес конференција, на која зборуваше советникот при општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Климе Шешоски, кој истакна дека креирањето на политика која се базира врз проверени и докажани факти е симболика на ВМРО ДПМНЕ.

„Изминативе години на државно ниво и последната година на локално ниво откако ВМРО ДПМНЕ ја има власта покажува целосна посветеност кон потребите на граѓаните. Од друга страна, СДСМ не е политичка опција која им е потребна на народот, тоа е и повеќе од јасно. Впрочем Охриѓани се тие кои најдобро и најдолго можеа да го искусат негативното влијание на СДСМ кон својот град, а со тоа и кон својата држава.“– истакна Шешоски.

Денес, како што кажа Шешоски, од нивна страна согледуваме промоција на лица за кандидати за пратеници од кои едниот како што рече Шешоски бил веќе докажан и најзаслужен за  најмрачниот период за градот Охрид, а другиот бил сосема анонимен лик на политичката сцена.

„Загрижува фактот што токму со вакви лица СДСМ сака да ветува многу, имајќи го пред себе фактот дека токму Томислав Тунтев воопшто не пристапил кон подобрување на било која сфера од делувањето на Локалната самоуправа Охрид имајќи ги функциите на советник и заменикградоначалник. Банално е оправдувањето од страна на СДСМ за тоа дека од овие позици неможел да влијае врз одлуките на Петрески. Како координатор на советничката група на СДСМ можел јасно и недвосмислено да се спротивстави на политиката која го донесе Охрид пред финансиски колапс. Останува прашањето дали со ваквите ставови Тунтев сака да се дистанцира од својот сопартиец и доскорашен негов шеф Александар Петрески и нивните заеднички политики. Oчигледно од страна на СДСМ покрај политичката некултура која ја поседуваат се обидуваат со лаги, манипулации, лични навреди и дискфалификации како и со спинови да ги избегнат вистинските факти за нивните кандидати за пратеници.“– обвини Шешоски.

Како што рече тој, позади кандидатите за пратеници на СДСМ останале низа неодговорени прашања, низа нерешени проблематики кои пред се им значат на граѓаните на Охрид, а со тоа и на пошироката јавност.

„Останаа прашањата за милионските долгови направени од страна на СДСМ, останаа прашањето за нивното мислење за покачување на платите на администрацијата и пензиите на пензионерите од страна на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, остана без одговор и прашањето кон нив за тоа што се можело да се направи за инфраструктурата во градот со парите потрошени од нивните директори за репрезентации, службени патувања, мобилни телефони и сл. Одбегнувањето од одговорите на Тунтев и Танасоски кон овие прашања е и бегство од одговорност како и од политичкиот морал и кредибилитет. Ваквиот пристап кон бегство од круцијалните прашања во целост ја покажува нивната несериозност кон она што значи прогрес на градот Охрид и прогрес на Државата.“– рече Шешоски и додаде:

„Охриѓани како и Цела Македонија, во првиот круг на претседателски избори покажаа која е нивната вистинска опција, а на престојниот втор круг од претседателски како и на парламентарните избори ќе потврдат дека единствена политичка опција на која и веруваат е ВМРО ДПМНЕ и единствени кандидати за пратеници се кандидатите кои доаѓаат од редовите на ВМРО ДПМНЕ. (Проверени луѓе респектирани во својата средина, успешни бизнисмени, доктори, политичари кој транспарентно, посветено и отчетно ќе работат во интерес на државата и народот). Народот тоа знае да го препознае на 27 април како што препознаа на 13 април – Верувајте ИМА РАЗЛИКА!“– заврши Шешоски.

WebOhrid