Четворица скијачи настрадаа при лавина во Норвешка

Четворица скијачи загинаа при лавина во централна Норвешка, соопшти полицијата.

Во понеделникот скијачите тргнале на планината Сундалсфјел, а подоцна биле пријавени за исчезнати. Спасувачките екипи дури вчера ги пронајдоа телата на скијачите. 

Полицијата наведе дека сите четворица Норвежани биле искусни скијачи и дека лошото време не дозволило да бидат пронајдени порано.