По повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни и католички верници ОО на СДСМ Дебарца упатува искрени честитки за среќно и многугодишно празнување на Христовото Воскресение.
„Нека овој голем ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК, ја означи радоста на новиот животен почеток исполнет со чиста мисла и благороден дух, а големата празнична радост да донесе здравје, среќа, радост, мир и бериќет во нашите семејства.
Убедени сме дека само со единство и заедничка верба во поубава иднина, ќе градиме стабилна држава, дека процесот на демократизација е незапирлив и се базира на целосно почитување на основните човекови права и слободи и вистинските вредности во општеството. За многу години Велигден, Христос Воскресе! Навистина Воскресе! “– стои во честитката на ОО СДСМ Дебарца.