Македонските интернационалци беа расположени за игра.
Иван Тричковски постигна два голови во натпреварот кој неговиот клуб Беверен со 2:4 го загуби од Гент.
Александар Трајковски го отвори резултатот во 28 минута од натпреварот, во кој неговиот тим Мехелен со 2:1 го совлада Кортријк.
На гостувањето против Травник, Крсте Велкоски постигна гол за Сараево, кој на крајот се покажа и тоа како значаен во натпреварот кој заврши со резултат 2:3 за тимот на Велкоски.
WebOhrid