Во Велгошти се одржаа традиционалните коњички трки

Традиционално и оваа година, на првиот ден од Велигден во Велгошти се одржаа коњичките трки. Пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Со честитките за големиот христијански празник Велигден, со кој им посака да ги води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина и напредок на секој план, го означи почетокот на трките.

Покрај со трките, денешната свеченост беше збогатена со богата културно уметничка програма на КУД  „Илинден“ и со традиционалното влечење на јаже помеѓу долна маала и горна маала.

По прогласувањето на победниците, сите заедно се упатија во црквата Св. Петка на заедничка молитва за здравје, среќа и бериќет.

Фото: Ангелче Андриоски