Кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ Охрид Александар Николоски, д-р Сашо Василевски и д-р Љубен Арнаудов, денес заедно со дел од ракометарите на ракометниот клуб Охрид 2013 како и со младите на градот Охрид го проследија ракометниот натпревар помеѓу Фленсбург и Вардар.
Ваквата активност на кандидатите за пратеници го покажува нивниот интерес кон македонскиот спорт како и нивната почит кон ракометниот клуб Охрид и воопшто поддршката на младите за спорт.