Фондацијата „Тодор Александров“ донира 250 пакети школски прибор во ОУ „Братство-Единство“

Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров Ресен ја продолжи својата донаторска акција и во градот Охрид.

Имено, фондацијата на ОУ „Братство-Единство“ од Охрид му донира 250 пакети школски прибор. Воедно од страна на извршниот директор на фондацијата доц.Др.Никола Митровиќ Бабе и директорот на училиштето Муарем Доко беше потпишан меморандум за соработка. Исто така на Фондацијата им беше доделена и благодарница.

Митровиќ потенцира дека донаторската активност е една од најзначајните кои ги спроведува и ќе ги спроведува Фондацијата Тодор Александров но дека воедно ќе се спроведуваат и разноврсни активности од нивна страна низ територијата на Република Македонија.