Бучковски од Охрид: Време е граѓаните да гласаат по своја волја, а не по диктат

Синоќа на вториот ден- Велигден, позитивците остварија средба со граѓани во Охрид, на охриѓани им се обратија некои од кандидатите на  листата за пратеници од изборна единица 5, носителот на изборната единица,  Игор Камбовски, потпретседателот на Главниот Одбор на АПМ, проф. Рубин Земон, и претседателот на Главниот Одбор на АПМ, Владо Бучковски.

„Коалицијата за Позитивна Македонија нуди една поинаква политика, поинаква кампања, позитивна кампања. Ние не вршиме притисок на граѓаните да дојдат  и да не поддржат само затоа што ние сме им кажале така. На Македонија и е доста од овој бипартизам. Време е Македонија да се обедини, и време е конечно да почнат да се почитуваат меѓусебно позицијата и опозицијата за доброто на граѓаните. Ние немаме програма од 2046 проекти, нашата програма е убедливо најдобра, а таа е во 3 чекори: да отвориме нови 100.000 работни места во реален сектор во  период од 4 години  на владата на Позитивна Македонија, да го развиеме земјоделството и  конечно да отвориме државна компанија за извоз. Ние не измислуваме топла вода, овие мерки се проверени и функционираат насекаде околу нас, а ние заостануваме. Заостануваме после периодот кога Македонија беше најблиску до  влез во Нато и Европска Унија, а некои други се потрудија тоа да пропадне. Време е  Македонија да ја водат прогресивни сили, кои ќе се борат за доброто на просечниот граѓанин, а не за индивидуални цели. На Македонија и е доста од нови почетоци, на Македонија и треба континуитет, државата ни се уништи токму од тој дисконтинуитет кој ја зафати.Во Македонија за жал не се создаде политичка елита која нема да гледа од денес за утре.  Затоа, Коалкицијата за Позитивна Македонија, со својот успешен и докажан тим, ветува дека на наредните избори ќе биде позитивно изненадување“, потенцира Бучковски.

Пред присутните се обрати и потпретседателот на Главниот Одбор на АПМ, Рубин Земон.

„Коалицијата за Позитивна Македонија е партија во која има членови од 17 различни етнички заедници.  Доста и е на Македонија од поделби на вакви и онакви, на наши и ваши. Време е Македонија да се обедини и   заедно да се придонесе за просперитетна, позитивна Македонија,“– истакна Земон.

 Се обрати и носителот  на изборената единица 5, Игор Камбовски, професор на Фон универзитетот.

„Драги мои охриѓани , вечерва би го споменал цитат од еден од основачите на АПМ, г-дин Минчо Јорданов кој во една прилика кажа „доброто да го направиме подобро, а лошото помалку лошо.’’ Во име на претседателот на АПМ, г-дин Љупчо Зиков, би кажал  ајде конечно да ја презакопчаме криво закопчаната кошула од пред 23 години онака  како што треба. На Македонија не и е удобно во своја кожа.  Време е Македонија конечно да прогледа со двете очи, да побара промени, да одлучи позитивно. Заокружете број 9, “порача Камбовки од Охрид.