Македонскиот преставник од Билатеријалниот секретеријат за сливот на Охридското езеро, Дејан Пановски, по повод Денот на планетата Земја, со своја изјава:
„Ако Планетата има свој ден тоа би подразбирало дека сеуште постои група на луѓе и ентузијасти кои ги разбираат предизвиците што следат во наредните децении кои можат да загрозат многу од еколошките но и економските и социјалните прилики на глобално но и на локално ниво. Таквите предизвици бараат брза реакција пред се на глобално политичко ниво кое треба да се преслика на ниво на националните влади и на ниво на локалната заедница. Загрозувањето на водните ресурси, шумските појаси, загадувањето на воздухот и почвата , опколеноста со смет пред се се проблеми на локалната заедница кои често не се само еколошки туку прес се културолошки.
Ние како подрачје полно со природни ресурси и зависно од нив, мораме политиките да ги свртиме кон заштита на истите.Тоа ќе значи придобивка за локалната заедница која ќе ефектуира и повисок економски статус. Вредностите сочувани и покажани пред светот заедно со културното наследство ,ќе ни бидат најголемата шанаса за идното опстојување на овие простори. Затоа што токму тие и ги задржале луѓето овде. Посилни и похрабри политички одлуки за заштита на Езерото и другите природни ресурси ќе значат и шанса за останување а не мигрирање од тука каде што сме денес. Охридско-струшкиот регион на пример е мала слика со сите елементи на целата Планета. Ако се сочува ова парче ќе се сочува и постоењето на човештвото во него, околу него и за него.“– изјави Пановски.