Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12 и 93/13), Општина Охрид, на ден 10.04.2014 г. донесе:
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Урбанистички план за с.Пештани КО Пештани, Општина Охрид предлог план 2009-2019 год.кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план за с.Пештани КО Пештани, Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
3. За планскиот документ Урбанистички план за с.Пештани, КО Пештани, Општина Охрид за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид,донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат (бучавата, почвата, флората, фауната, ендемичните видови во рамките на Националниот парк Галичица), како и анализа на можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од спроведувањето на планскиот документ, како и мерки за нивно надминување.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и: www.ohrid.gov.mk
6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Бр. 20- 3757/2
10.04.2014