Победникот на „Икс Фактор“ Даниeл Кајмакоски се’ уште не ги добил ветените награди од продукцијата на популарното шоу иако според најавите парите требало да му бидат префрлени на сметка во рок од три дена од завршувањето на шоуто, а автомобилот да го добие за неколку дена.
„Требаше да ги добијам наградите и сите финалисти потоа да заминеме на турнеја. Засега останувам во Белград и ќе почекам да видам што ќе се случува. Навистина не знам кои се причините за ова“– вели Даниел за српски „Телеграф“.
Извор: Нет Прес