Лични карти ќе се издаваат и денеска.
Граѓаните кои аплицирале во сабота или некои од претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат денес, бидејќи ќе работат сите управни служби од 07:00 до 19:00 часот.
Со ова е овозможено граѓаните кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на Избирачкиот список и сакаат да излезат на гласање, да извадат документи и да гласаат.