ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на предвремените парламентарни избори одржани вчера освои 61 пратеник.
Опозициската СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, а по едно пратеничко место во идниот собраниски состав ќе имаат ГРОМ и НДП. Овие резултати се од објавените информации на Државната изборна комисија по 99,91 отсто од обработените гласови.
Според ДИК, за ВМРО-ДПМНЕ гласот на овие избори го дале 480.588 граѓани со право на глас, за СДСМ се определиле 283.869 гласачи, а за ДУИ гласале 153.577 избирачи.
ДПА собрала 66.392 гласа, ГРОМ добил 31.610 гасови, а на контото на НДП се слеале 17.783 гласови.
На изборите гласале 1.139.353 гласачи, што претставува излезност од точно 64 отсто.
Извор: Нет Прес