Египќаните му ја честитаат победата на проф д-р Ѓорге Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ

Претставниците  на автохтоната етничка заедница Египќани во Р.Македонија, му ја честитаат убедливата  двојна победа на  политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ. Во таа убедлива победа, свој скромен допринес имаат и Египќаните, кои уште од самиот почеток, застанаа на страната на кандидатот за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Ѓорге Иванов, како и кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ. Во едни мирни, фер, демократски избори, Египќаните како лојален етникум, изразуваат желба да му ја честитаат победата на ВМРО-ДПМНЕ, со положени надежи, дека ќе продолжат интеграциските процеси, и интегрирање на Египќаните во институциите на системот, нешто што сосема природно и законски и следува на една автохтона етничка заедница, но и лојална, како што е Египќанската, истакнува Демир Далип, овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка кој додаде дека тоа го наговести и Премиерот, Никола Груевски, спомнувајки ги Египќаните  како посебен етникум, но за да се стигне до тој стадиум, најголемата заслуга оди на сметка, на Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

На крајот на честитката, Египќаните му посакуваат, како на легитимно избраниот Претседател, проф д-р Ѓорге Иванов, како и на легитимно избраните пратеници, да се вложат за подобар живот, мир и напредок на Р.Македонија, и нејзин  поскорешен влез во ЕУ и НАТО.