Здружението на интернационални фолклорни фестивали “ИФФОМ” во соработка со КУД „Охриѓанка”-Охрид, ги поканува сите вљубеници во фолклорот, да присуствуваат на нашиот фестивал “ОХРИД ОТВОРЕН”, кој ќе се оддржи на 02 и 03 Мај, 2014год, во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток во 19ч.
Фестивалот „ОХРИД ОТВОРЕН” се оддржува за прв пат оваа година и има за цел да ја промовира македонската традиција, како и да ја презентира различната интернационална култура, преку шареноликите песни и игри.