Пронајдено возилото на ограбувачите на златарницата во Струга

Едно патничко моторно возило марка „Ауди“ и златен накит, доцна синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „Разбојништво“ извршено синоќа во златарницата „Циркон“ во Струга.

Патничкото возило „Ауди“ со струшки регистарски таблици е пронајдено на шумски пат во близина на струшкото село Мали Влај додека златните предмети се пронајдени во атарот на селото Вишни, лоцирани во близина на македонско-албанската граница. 

На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Струга како и полициски службеници од СВР Охрид и полициската станица во Струга.