Меѓународниот ден на трудот Први мај за членовите на Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито-разгранок Охрид и на работниците на Охрид велат дека за нив од секогаш претставувал поттик и инспирација за нови работни победи.
„Имаме уште долг пат да изодиме кон отворање на посакуваните перспективи за новите генерации, кон подобрување на материјалната и социјалната положба на работниците и на целокупниот живот на нашите граѓани. Испраќаме Првомајска честитка со искрени желби за подобра иднина и просперитет на нашата земја.“– велат од Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито-разгранок Охрид.