Најмладите од градинката „Јасна Ристеска“ ја посетија езерската и полициската станица

Педесетина деца од детската градинка „Јасна Ристеска“ денес ќе ја посетија езерската полиција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.

Целта на посетата беше запознавање со работата на полициските службеници околу безбедноста во сообраќајот како и запознавање на материјално-техничките средства и опрема што сообраќајната и граничната полиција ја користат во секојдневното извршување на работните задачи. 

Оваа посета на полициската станица е во рамките на проектот на Министерството за внатрешни работи „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“ и се реализира во координација со одделението за образование при Локалната самоуправа.

GradinkiPolicija01 GradinkiPolicija02 GradinkiPolicija03