Учениците од трета година и нивните наставници од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа на екскурзија при што, во организација на Туристичката агенција „ Балкан нет“ ги посетија градовите Прага, Дрезден и Виена.
Покрај посетата на овие прекрасни градови, богати со културно историски знаменитости, за учениците беа организирани неколку забави и крстарења по реките Влтава и Елба.