Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 6 мај 2014 година (вторник), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот посветен на „Свети Ѓорѓи Победоносец“ – Ѓурѓовден, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има само во црквата „Св.Ѓорѓи“ – Охрид (едноцрквие).
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.