Со низа активности ќе се одбележи Денот на реката Дрим

Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро преставен во Дрим Кор групата и Еколошкото Друштво Грашница објавуваат дека во рамките на Дримскиот проект CORDA го организираат Денот на реката Дрим.

Денот на реката Дрим ќе биде настан организиран во ист ден 17.Мај сабота во Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. Целта на настанот е да се зголеми сензибилизацијата на јавноста за вредностите и значењето на Дримскиот Басен и за управувањето со екосистемот на Дрим во трансграничен аспект.

Денот на ДРИМ исто така преставува настан кој ќе ја зголеми прекуграничкната соработка во басенот и ќе отвори нови можност за проток на луѓе,добра ,информации и заеднички активности.

Денот на Дрим како активност е дел од процесот за управување со Дримскиот Басен и е финансиски поддржан од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ. Настанот ќе опфати низа на активности кои ќе ја престават разноликоста во басенот.

На македонска страна настанот ќе се одржи во Струга пред платото на Домот на Културата каде ќе се изведе официјалниот дел со почеток во 11:00 часот и ќе биде пропратен со низа активности низ градот со учество на голем број субјекти.

Воедно тоа ќе биде старт и на позначајни активности во рамките на прекуграничниот проект за управување со Дримскиот Басен наречен DRIN CORDA – координирана акција за одржлива иднина.