Македонија за гинис – Заедно да го одиграме најголемото оро во светот!

Националната установа „Танец“ и Скопско туристичко лето иницираа заеднички проект Најголемо оро во светот за влез на Македонија во Гинисовата книга на рекорди.

„Гинисов рекорд на најголемиот фолк танц во светот го држат Кинезите со 17.200 учесници, од 2009 година. Наша цел е да го надминеме овој рекорд со оро во кое ќе заиграат 18.000 учесници. Најголемото оро во светот го организираме на 10-ти мај, ќе се протегне од Охрид до Струга, по стариот пат чија должина изнесува 18,5 км.“ – велат организаторите.

Со оглед дека настанот има граѓански карактер, целта е да е се прикаже Македонија како современа мултиетничка демократска земја.

„Се надеваме на широк одзив на учесници, без оглед на нивното потекло, национална, верска или друга определба.Токму поради тоа орото го организираме под мотото: Цела Македонија – едно оро. Стариот пат Струга – Охрид не е Македонија, оние што ќе го играат орото се Македонија.“ – додаваат тие.

WebOhrid